среда, 19 септември 2018 | Вести денес: 74 ново

И владини документи докажуваат – се планира градба на мигрантски камп

Постојат документи кои ја потврдуваат намерата на Владата на СДСМ за изградба на прифатни центри за странци, односно мигрантски кампови, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во своето гостување на телевизија Сонце во емисијата ,,Јади Бурек’’.

– Гледаме какафонија во соопштувањето на информациите на владата, има, па нема. Излегува премиерот – има. Министерката за труд и социјала вели – нема да има. Па, излегува директорот на БЈБ – ќе има, ама тоа е поради ова. Фактот е едно – фатени се во лага – изјави Мицкоски.

Тој додаде и дека и владини документи покажуваат дека владата планира градба на мигрантски камп.

– Ние имаме една сериозна преписка која што е помеѓу Светска Банка и канцеларијата на ЕУ овде во Македонија, каде што јасно и гласно е посочена парцелата која што ја гледавме на медиумите каде што имаме одговор дека се чека одобрение за градба и веднаш да почне изградбата на тој инфраструктурен објект. И намената за тој инфраструктурен објект. На крајот од денот ја гледавме и урбанистичката документација која точно се однесува на прифатилиште за странци – вели Мицкоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top