вторник, 18 септември 2018 | Вести денес: 98 ново

Вулин: Македонија и Србија немаат исти цели, ние сакаме слобода и самостојност

Српскиот министер за одбрана Александар Вулин му одговори на премиерот Зоран Заев за неговите изјави дадени во Брисел, велејќи дека Македонија и Србија немаат исти цели и дека Србија ќе остане воено неутрална и слободна земја.

За време на самитот на НАТО во Брисел, Заев рече дека се надева оти решението со Грција ќе ги охрабри Србија и Косово да продолжат со дијалогот.

– Заев мора да знае дека не постојат Србија и Косово, туку постои само Србија и територија која е под привремена управа на Обединетите нации, во согласност со резолуцијата 1.244. Македонија и Србија немаат исти цели. Ние сакаме слобода и самостојност, сакаме да решаваме сами за себе. Се додека ја води Александар Вучиќ, Србија ќе остане воено неутрална и слободна, па макар била и последната земја која не е членка на НАТО пактот, изјави министерот Вулин. 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top