среда, 19 септември 2018 | Вести денес: 103 ново

За колку пари, бе бато, убивте многу идеали: Публиката не сака да го види САФ на владината журка за продажба на името (ФОТО)

„За другите не можам да коментирам, ама САФ и Конкверинг никогаш не би прифатиле настап на партиски настан. Договорени сме за културен настан на 14 за ЕУ во Струга. Тоа значи дека не смее да има на бина партиски обележја, водители, луѓе од власт / партија како говорници и сл.“ – пишува диџеј Гоце САФ на Твитер по најавата дека ќе биде дел од владината најава за забава по НАТО и ЕУ.

Голем дел од естрадните имиња станаа цел на социјалните мрежи откако беа објавени имињата за наводната забава која што владата ја организира по лагата дека државата станала дел од ЕУ и НАТО. Всушност, условите кои сега ги доби владата се поврзуваат со договорот кој што владата го прифати, а предвидува целосна ревизија на македонскиот Устав и ревизија на историјата и културата со што целосно ќе се избрише Македонија и придавките кои произлегуваат од името.

Иако владата најавува забава во 15 града, диџеј Гоце САФ вели дека бил договорен за „културен настан за ЕУ во Струга“. Сепак, неговите следбеници замеруваат дека е јасно дека станува збор за провладин настан, нешто за што овој уметник постојано го критикувал, како и секој политички естаблишмент до сега.

„Брат, ама флаеров бе… Се знае кој е организатор“, прашува еден негов следбеник на социјалните мрежи. „Денеска го видовме сите“, одговара Гоце САФ.

   

Сепак, тоа што неговите следбеници, неговата публика го бара од него е да го бојкотира настанот,  да се откаже јавно, некои му препорачуваат „јајца и патлиџани“, други дека никогаш повеќе нема да му одат на настан…

Пренесуваме дел од коментарите.

„Денес убивте многу идеали, многу сеќавања од младоста и многу почитувачи. За колку пари бе бато?“, „Значи настапуваш на настан организиран и платен од владата а се кажуваш спротивно од тоа…“, „Ментален роб кој сам си копа гроб… Во еден потег си правите character assassination, 25 години работа би фрлиле во вода? Концертот го сумира она за кое цела кариера сте се бореле против, рап џинови да бидат доведени на ранг на кафански певаљки… “, „Очигледно е дека е партиски настан. Ако не сакате да ви го валкаат името откажете го учеството“, „Пиши ми колку пари ти дале барем да знам за колку си се продал. Сте ми биле омилена група од младоста со вас сум растел бе ејјјјјјјјјј!!!!!. Сумрак идола!!!!! Јад и Беда си, не си бледа сенка од самиот себе. Срамота!!!!“, „ Не сум за партиски настан…бла бла бла бла…само културен еу настан…. бла бла бла” Stop. We get it.“.

На вакви коментари и лични пораки се изложени поголем дел од естрадата кои се најдоа на владионот плакат. Тоа што е нејасно е дали владината маркетинг служба ги известила или не за каков настан станува збор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top