четврток, 20 септември 2018 | Вести денес: 108 ново

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ја поддржуваат Декларацијата за членство на Македонија во НАТО

Во однос на Декларацијата за приклучување на Република Македонија во НАТО, би сакал да нагласам дека оваа декларација не е ништо ново, вели Драган Данев, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на Република Македонија.

-Секогаш вакви декларации и резолуции со кои се поддржува влезот на Република Македонија во Европската Унија и НАТО се носеле со консензус од сите политички партии како надпартиски документ. ВМРО-ДПМНЕ секогаш ги поддржувало, ги поддржува и ќе ги поддржува во иднина. Впрочем првата Декларација за влез на Република Македонија во НАТО Алијансата е поднесена далечната 1993 година гтокму од ВМРО-ДПМНЕ и изгласана со консензус од сите политички партии во Собранието на Република Македонија во тој период.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top