четврток, 20 септември 2018 | Вести денес: 105 ново

Туристички автобус изгоре на обиколница во Скопје

Туристички автобус на обиколницата во правец Сарај-Визбегово изгоре во пожар. Според очевидци што разговарале со возачот, причината за пожарот е неисправност на моторот.

Во автобусот немало патници, а возачот навреме се излегол. Повредени нема. Бидејќи не бил во можност да реагира, возачот повикал противпожарна служба која пристигнала за 10-тина минути.

Од МВР велат дека пожарот бил пријавен, каде во моментов има увидна екипа и Противпожарна бригада.

макфакс.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top