четврток, 19 јули 2018 | Вести денес: 123 ново

Крадецот влегол преку прозорец: Од училиште во Чаир украдени 170 лап – топ компјутери

Вчера во Полициска станица Бит Пазар било пријавено дека во Основно училиште лоцирано на улицата „Коста Абрашевиќ“, општина Чаир, во временскиот период од 06 до 10.07.2018 година, непознат сторител извршил тешка кражба во училиштето, при што одзел: 169 мали ученички лап-топ компјутери со полначи и „мауси“, 100 парчиња „мауси“, 45 тастатури и 30 парчиња разводник за УСБ, со што се стекнал со противправна имотна корист од околу 576.000 денари.

Имено, сторителот со употреба на физичка сила отворил еден од прозорците од училиштето, влегол внатре и со употреба на физичка сила отворил повеќе врати од кабинетите по што ги одзел предметите.

Се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top