четврток, 20 септември 2018 | Вести денес: 105 ново

Скопјани бесплатно ќе можат да го одлагаат кабастиот отпад

ЈП „Комунална хигиена“ апелира скопјани да ги почитуваат термините за одлагање отпад, а комуналниот отпад да го одлагаат само во садовите со таа намена. Кабастиот отпад (застарен мебел, електронски и електричен отпад), пак, со сопствен превоз бесплатно од денеска ќе можат да го одлагаат во Центрите за селекција на отпад во Карпош и во Вардариште или во Претоварната станица која се наоѓа во Шуто Оризари, соопшти директорот на ЈП „Комунална хигиена“ Абдусамед Шабани.

Центрите за селекција и претоварната станица ќе работат во текот на целиот ден, од седум до 19 часот. Доколку има потреба да се изврши со специјалните возила на претпријатието, граѓаните услугата можат да ја побараат на бесплатната телефонска линија на „Комунална хигиена“ 0800 22233.

Раководителот на Инспекторат на Град Скопје Мирослав Богдановски информира дека се во координација со општинските инспекторати и дека ќе ги зголемат контролите во однос на отпадот што се создава во градот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top