четврток, 20 септември 2018 | Вести денес: 105 ново

Марсело се збогуваше со Роналдо: Горд сум што сум играл со тебе, затоа што си одлична личност

Фудбалерот на Реал, Марсело, преку социјалните мрежи се збогуваше со Кристијано Роналдо кој следната сезона ќе настапува за Јувентус.

Кој би помислил, Криш! Време е да се каже збогум … Се колнам, не мислев дека ќе дојде овој ден. Но, ништо во овој живот не трае вечно. Се надевам дека ќе бидеш среќен во новата средина. Поминавме скоро 10 години, 10 години радост и добар фудбал, победи и порази, прекрасни моменти! Научив многу од тебе, стои во обраќањето на Марсело.

Бразилецот ја нагласува посветеноста на Роналдо кон фудбалот, но го истакнува и неговиот карактер.

– Твојата посветеност е најневеројатно нешто што сум го видел во спортот. Нема д аго заборавам начинот на кој нè инспирираше пред финалето на ЛШ, како комуницираше со младите играчи. Горд сум што сум играл со тебе. Но, не затоа што си најдобар фудбалер, туку затоа што си одлична личност. Кога ќе ја завршам мојата кариера, ќе седам во бар и ќе ги покажам сите наши фотографии. Ти посакувам најдобро, му порача Марселона на својот поранешен соиграч.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top