четврток, 19 јули 2018 | Вести денес: 123 ново

Цеца доаѓа со приватен авион на концертот во Охрид: Еве што побара од организаторите…

Српската ѕвезда Светлана Ражњатовиќ Цеца првпат доаѓа во Охрид, каде што на 28 јули ќе има двочасовен концерт на стадионот „Билјанини извори“. Како што информираат организаторите таа во Охрид ќе долета со приватен авион еден ден порано за да се адаптира, а ќе остане и еден ден по концерт за да се одмори во, како што и самата вели, еден од најубавите градови на Балканот, Охрид.

Пред да пристигне Цеца, ќе пристигнат цели 10 шлепери со опрема која вклучува специјална бина, озвучување и осветлување.

Времетраењето на концертот, односно еден час повеќе од регуларното времетраење, е желба на Цеца, која сака првото претставување пред македонската публика во Охрид да се памети.

 Според организаторите, таа има многу скромни барања, а сака само многу вода на сцена, македонски зеленчук и овошје и мени богато со македонски традиционални специјалитети.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top