четврток, 19 јули 2018 | Вести денес: 123 ново

Во Правда не се покажа, но на власта ѝ е драгоцен – Саљији заменик-генерален директор на МЕПСО

Надзорниот одбор на МЕПСО го назначи доскорешниот министер за правда Билен Саљији за член на Управниот одбор на друштвото кој ќе ја врши функцијата заменик на генералниот директор.

Билен Саљији до март ја извршуваше функцијата министер за правда поради, а потоа уште некое време беше во оставка, поради како што образложи тогаш, разнишаната доверба во судството по одлуката за преквалификување на обвинението во случајот на малиот Алмир.

Од 4 јуни функцијата министер за правда ја превзеде Рената Дескоска, која дојде од ресорот образование како дел од реконструкцијата што ја спроведе Владата на РМ.

Билен Саљији беше министер за правда од јуни 2017 година до март годинава. Во периодот од 2011 до 2017 година бил директор на Државниот инспекторат за шумарство и ловство.Саљији има положено правосуден и нотарски испит. Од 2009 до 2011 бил директор во ЈКП „Врапчиште“, Општина Врапчиште, а од 2005 до 2009 година бил советник за односи со јавноста во Општина Врапчиште.

Саљији има завршено средно образование во гимназијата „Панче Поповски” во Гостивар и Правен факултет на Државниот универзитет во Тетово. Билен Саљији е роден е во 1975 година во Добри Дол, општина Врапчиште

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top