четврток, 20 септември 2018 | Вести денес: 105 ново

Французите незадоволни од исходот: Подобро да поминеше Англија, Хрватите имаат некоја необјаснива сила

На вчерашното полуфинале меѓу Хрватска и Англија сите навиваа за некого, па и Французите. Дека не им се остварила желбата за противник во финалето сведочи еден текст на „Л’Екип“.

– Не гледаме како за Франција може да биде добра вест тоа што во неделното финале ќе играме против Хрватска. Многу подобро би било да поминеше послабата екипа, бидејќи тоа е Англија. Ќе беше идеален противник, а не Хрватска. Овој е противник, кој влече сила од некои непознати длабочини, со Лука Модриќ, кој в недела ќе игра за Златната топка. И не е само екипата, туку цела земја, која ја тресе невидена треска, пишува „Л’Екип“.

Французите не заборавиле дека токму Хрватска страдаше од нив на ист начин, како синоќешниот, во далечната 1998 година. Тогаш Лилијан Турам со два гола направи пресврт за 2-1 за Франција во полуфиналето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top