четврток, 19 јули 2018 | Вести денес: 123 ново

Детали за сообраќајката вчера на „Партизанска“ – Тешко повреден 65-годишен маж од Волково

Синоќа околу 20 часот, во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на крстосницата од булеварот „Партизански одреди“ и булеварот „Св. Климент Охридски“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „БМВ“ со скопски регистерски таблици управувано од Б.Т. (29) од Скопје и патничко моторно возило „Мерцедес“ со скопски регистерски таблици управувано од К.И. (65) од Скопје, при што настрадал и пешакот Д.Б. (65), кој се здобил со тешки телесни повреди. Д.Б. (65) од с. Волково- скопско бил пренесен и задржан во Комплексот клиники “Мајка Тереза“.

Со телесни повреди се здобиле Б.Т. и двајца сопатници од двете возила Д.В.(40) и В.И.(56).

Извршен бил увид на местото на настанот во присуство на Јавен обвинител. Се работи на целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top