четврток, 20 септември 2018 | Вести денес: 106 ново

Д-р Лука Модриќ, ѕвер

Лука Модриќ е фудбалски ѕвер. Според статистиката на мечот Хрватска – Русија Модриќ имал една асистенција, четири клучни додавања, осум успешни дриблинзи, четири изнудени прекршоци и 102 додавања.

Највпечатливо за Модриќ е неговото константно движење меѓу двете линии и превентивните покривања во средниот ред.

Неговата важност во тимот се состои од тоа што целосно ја држи играта смирено, ја има контролата на топката, ги пресретнува противничките додавања и едноставно полека во секој напад ја крчка играта. Модриќ е фудбалерот кој остварил најмногу додавања на овој Мундијал (217), а погрешил само шест на сите пет натпревари.

На четврфиналниот дуел со Русија замислете имал само едно погрешно додавање и тоа дури во 97-ма минута.

Кога се зборува за фудбалска интелигенција се мисли на Лука Модриќ, бидејќи неговата е натпросечна. Тој игра рационално и кога играта станува хаотична.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top