четврток, 19 јули 2018 | Вести денес: 123 ново

Со комедијата „Смртта на Сталин“ вечерва во Сули ан се отвора кафе – киното на „Скопско лето“

Со проекцијата на филмот „Смртта на Сталин“ вечер во 21 часот, на Факултетот за ликовни уметности – „Сули ан“ ќе биде отворено овогодинашното Кафе – кино во рамки на „Скопско лето 2018“.

Филмот – историска комедија е во режија на Армандо Ианучи, снимен 2017 година, како британско-француско-белгиско-канадска копродукција. Има добиено две номинации за БАФТА, а се закитил и со повеќе награди на меѓународни фестивали. Има добиено четири награди од вкупно 13 номинации за британските награди за независен филм, награда „Емпаер“ за најдобра комедија, награда за режија на Фестивалот на комедијата во Монте Карло, награда на филмската критика ФИПРЕСЦИ во Торино,…

Улогите ги толкуваат Стив Бушеми, Сајмон Расел Бил, Олга Кириленко, Џејсон Ајсекс,…

Филмот ги следи последните денови на советскиот диктатор и го отсликува хаосот на режимот по неговата смрт.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top