четврток, 19 јули 2018 | Вести денес: 123 ново

Арсовски: Ќе одговарате, Пајо, што ова твоево граџанство ни ги убива најблиските секојдневно

Портпаролот на ВМРО-ДМПНЕ, Димче Арсовски, со ФБ статус му се орати на пратеникот Павле Богоевски, кој смета дека МВР си ја завршило работата во случајот на Никола Саздовски.

„Гледам Павле Богоевски после 3 дена собрал храброст и пишал статус на ФБ за Саздо, ама не го гледам да оди по улица со слика од Саздо и да рика дека нема правда и нема мир. Гледам и МВР ги брани дека си ја завршиле работата, а еден од убијците е во бегство и нема потерница по него.
Пајо, да ти порачам нешто. Секојдневно ги разгневувате луѓето. Ниту еден релативизиран статус како производ на твоите граЏански манири кои не ти вредат 5 пари, нема да ја угаси нашата болка за Саздо.
Ќе одговарате другар. Ќе одговарате за секоја една пролеана солза што ја пролеваат сите, за ти и таквите граЏани како тебе да си ги зачуваат фотељите. Најмалку што можеш да направиш е да побараш оставка од твојот сопартиец Оливер Спасовски. Ама да знаеш дека и тоа нема да те амнестира од одговорноста што ја носиш за сето ова што се случува откако е твоево “слободоумно” граЏанство што ни ја зароби слободата и ни ги убива најблиските секојдневно.“

„Во овој случај, МВР ја заврши својата работа. Нападот се случил на 29-ти јуни. Во рок од 24 часа сторителите беа идентификувани, двајца од нив и притворени. Делото – класифицирано како „Насилство“. Додека МВР постапувало по случајот, Саздовски бил сѐ уште жив.

Постапувањето на МВР, врз основа на закон, е тајно. Затоа, не ни треба да ги очекуваме деталите од случајот, како што се мотивот, идентитетите на напаѓачите и сл. Но, сега постапката е во рацете на Јавниот обвинител. Тој може да го преквалификува делото како резултат на новонастанатите околности, односно трагичната смрт на Никола.

За разлика од МВР, резултатот од работата на ОЈО (ќе) е јавен и би требало да биде наведен и мотивот на убијците. ОЈО и Судовите се многу понапред од МВР во третирањето на криминалот од омраза“, пишува меѓу другото во статусот на Богоевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top