среда, 19 септември 2018 | Вести денес: 103 ново

Разрешениот директор на струшкиот затвор кој е под истрага стана директор на Паркови и зеленило

Разрешениот директор на струшкиот затвор Арменд Шаќири ќе биде нов директор на новоформираното струшко јавно претпријатие Паркови и Зеленило, објави порталот СДК. Одлуката поминала на Советот на Општина Струга.

Тој за медиумите демантираше дека бил дел од криминална група осомничена за трговија со оружје и рога.

-По наредба на Основниот суд имаше контрола во затворот и јас дадов исказ, но не како осомничен, туку како управител одговорен за установата, изјави Шаќири за Телевизијата 24.

Извори од МВР потврдуваат дека Шаќири сè уште е под истрага.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top