среда, 19 септември 2018 | Вести денес: 103 ново

Таксистите од Бит пазар ја блокираа крстосницата кај Mавровка

Таксистите од Бит пазар ја блокираа крстосницата кај Mавровка – ја бараат старата локација за паркирање. Испратиле барање до град Скопје да им се овозможат барем три паркинг места да им бидат достапни на старата локација неколку метри подолу на истиот булевар бидејќи токму таму имале работа.

Велат дека новото место не било видливо и немале патници и се жалат дека не заработуваат ниту пола од претходно. Неколку таксисти веќе добиле парични казни од сообраќајната полиција поради непочитување на новите правила.

Од град Скопје велат дека по консултација со граѓаните кои работат и живеат на местото каде паркираа досега, е одлучено да не се дозволува ниту застанување на такси возилата, а додаваат и дека нема да ја променат својата одлука. Таксистите најавија дека ќе протестираат се додека не го добијат она што го бараат.

 

извор 24.mk

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top