вторник, 14 август 2018 | Вести денес: 2 ново

Живи ќе изгориме додека Спасовски дреме со скрстени раце и сее магла за живот (ФОТО)

Повеќе десетици возила се опожарени во целата земја, a ниту еден инцидент не е расветлен откако Оливер Спасовски е министер за внатрешни работи, односно за година и еден месец. Ниту е живот, ниту живот ќе видиме кога Министерството за внатрешни работи не си ја врши основната задача -да ги штити граѓаните на Република Македонија од криминалците.

Нерасчистувањето на овие настани пројавува сомнение дека блискоста на луѓе од владата на СДСМ и Зоран Заев со матни ликови од криминалното подземје е причина зошто овие случаи Оливер Спасовски не ги расчистува.

Последниот случај е попладнево, кога се опожарени четири возила паркирани на улицата „Марко Елисија Поповски“ на Водно.

Во интерес на безбедноста на сите нас кои стравуваме дека живи ќе изгориме додека чекаме да ни се случи живот, „Република“ го потсетува министерто Спасовски на кои случаи треба да поработи.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top