вторник, 25 септември 2018 | Вести денес: 0 ново

Приведениот градоначалник од СДСМ пред изборите ветуваше чесност (видео)

Градоначалникот на Ново Село, Боро Стојчев во неговата предизборна кампања пред локалните избори во 2017 година на сограѓаните им ветуваше транспарентност, демократија, визија и домаќинско работење.

Тој на пресконференции посочуваше како неговиот претходник, кој беше од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, не работел чесно и транспарентно. Но, го прозиваше и за бројните кривични пријави:

Видеоснимката е од 1 октомври 2017 година.

Принтскринови на дел од неговите објави на официјалната страница на Фејсбук:

Утрово МВР соопшти дека Стојчев е приведен за шверц на цигари и тоа само девет месеци откако ја рпезеде функцијата градоначалник на Ново Село.

-Во едното возило имало 29 кутии со по 50 штеки и една кутија со 49 штеки цигари, а било управувано од страна на Б.С. (54), со сопатник Ј.С. од село Ново Коњарево. Во другото возило управувано од Г.С. (24) со совозач С.В (26) од село Ново Коњарево, биле натоварени 35 штеки цигари и една кутија со 49 штеки цигари и една штека со девет кутии – стои во соопштението на полицијата.

Видеото е од предизборното ветување на Стојчев

Основното јавно обвинителство Струмица поведе постапка против пет лица за сторено кривично дело криумчарење цигари. Тие се осомничени дека вчера се обиделе да пренесат непријавена стока – цигари преку див премин на македонско-бугарската граница.

– Од страна на овластени полициски службеници биле откриени и сопрени на два километри од граничниот камен, при што во двете возилата со кои се превезувале им биле пронајдени 66 картонски кутии со околу 3.300 штеки цигари, во вредност од 3.245.589 денари, се наведува во соопштението.

Станува збор за криумчарење поголемо количество непријавена стока, за кое кривично дело согласно Кривичниот законик, е предвидена казна затвор од шест месеци до пет години.

Надлежен јавен обвинител до Основниот суд Струмица предложи определување мерка притвор за четири лица, додека за едно, од здравствени причини, се предложени мерки на претпазливост – забрана за напуштање на живеалиштето/престојувалиштето, одземање на патната исправа и обврска за повремено јавување во суд, велат од Обвинителството.

Видеоснимка од приведувањето:

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top