петок, 16 ноември 2018 | Вести денес: 76 ново

Ароганција без усул: Не е Заев виновен што го продаде името, туку Лупевска, Васиќ, Астеруд и Ратклиф што се омажиле за странци

Токму кога мислевме дека власта се преставила во сета ароганција и дрскост, се појавува ексамбасадорот и министер за правда Ѓорѓи Спасов со божемен хумор да ги навреди и понижи новинарките Снежана Лупевска Созен и Сања Васиќ, професорката Каролина Ристова Астеруд и ексамбасадорката Елеонора Каранфиливска Ратклиф.

Спасов, кој и пред функциите и по нив е професор, најпростачки, цинично ги исмева мешаните бракови четирите жени и ја споменува националноста на нивните сопрузи.

На неговиот пост веднаш реагираше Каранфиловска Ратклиф а потоа и Лупевска Созен.

На неговиот пост веднаш реагираше Каранфиловска Ратклиф а потоа и Лупевска Созен.

 

По силните реакции во кои е обвинет за сексизам и за национализам Спасов се повлече и објави дека се шегувал ама споменатите не му ги разбрале шегите.

Спасов сега тврди дека тој правел пародија на Мирка Велиновска која одамна ја нема во јавноста ниту имала пост на оваа тема.

“Бидејќи сите споменати во мојот пост кој требаше да биде пародија на паранојата што ја шири вообичаено Мирка Велиновска од таков вид анализи, постот ќе го избришам.
Им се извинувам што добро не го разбрале и што вистина изгубиле смисла за хумор.
Тоа е многу тажно. Ама веќе не е ниту важно.
Нека уживаат и натаму во етикетирањето.
Во мојот пост имаше многу смајлис☺”, напиша Спасов откако ги навреди четирите јавни личности кои што се во мешани бракови со странци.

По силните реакции во кои е обвинет за сексизам и за национализам Спасов се повлече и објави дека се шегувал ама споменатите не му ги разбрале шегите.

Спасов сега тврди дека тој правел пародија на Мирка Велиновска, која одамна ја нема во јавноста ниту имала пост на оваа тема.

“Бидејќи сите споменати во мојот пост кој требаше да биде пародија на паранојата што ја шири вообичаено Мирка Велиновска од таков вид анализи, постот ќе го избришам.
Им се извинувам што добро не го разбрале и што вистина изгубиле смисла за хумор.
Тоа е многу тажно. Ама веќе не е ниту важно.
Нека уживаат и натаму во етикетирањето.
Во мојот пост имаше многу смајлис☺”, напиша Спасов откако ги навреди четирите јавни личности кои се во мешани бракови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top