четврток, 19 јули 2018 | Вести денес: 36 ново

Заврши тринаесеттата Фотоофилија

Последниот ден од Фотософиа, семинарот по напредна фотографија, предводен од фотографот Дамир Хојка, беше особено емотивен.

По завршувањето на бесплатните работилници и предавања, беше отворена изложбата на делата на семинаристите меѓу кои присутните во Терме Тухељ, го избра најдобриот. Катица Филиповиќ (25), семинарит од Посушје, не можеше да го скрие одушевувањето дека нејзината уметничка серија остави најголем впечаток кај посетителите.

“Моето време доаѓа.  Го чуствував тоа и пред Фотошофиа, а сега ја добив конечната потврда. Затоа и не жалам што дури и пред да дојдам на семинарот на Хојка,  дадов отказ како графички дизајнер во една компанија. Сега имам намера да се посветам исклучиво на фотографирањето, а највеќе ме привлекува модната фотографија “, вели Катица Филиповиќ која со уште четиринаесет семинаристи  за времетраењето на Фотософија учеа од најдобрите. Меѓу нив беше светски познатиот шпански фотограф Еугенио Рекуенко,  којшто од Мадрид дојде специјално за семинарот на Хојка. Импресиониран од креативноста на младите фотографи и нивниот напредок за само една недела.” Сликите направени за време на семинарот се многу интересни. Меѓу нив има многу портрети, но секој има поинаква идеја. Видов некои фотографии пред и по обработката и јасно се гледа дека со пост продукцијата добиле професионална завршница. Инаку, на младите фотографи ова им е единствена прилика за усовршување, но исто така е и добра можност да се запознаат и комуницираат со познати личности, модели, стилисти … “, изјави Рекуенко, кој има работено за престижни списанија како Vogue, Elle, Vanity Fair, GQ , и снимено видео спотови за модни куќи како Нина Ричи. На семинаристите им откри како изгледа снимање на познати рекламни кампањи, модни едиторијали и  им го претстави својот проект 365 кој се очекува да заврши до крајот на годината.

Иако Фотософија заврши, Хoјka вели дека за семинаристите не е крај, туку почеток, бидејќи се приклучуваат кон „племето„ што сега броји 195 „фотософи„

“Неизмерно сум горд и задоволен што со помош на моите асистенти на толку многу млади и талентирани фотографи им обезбедвме можност да напредуваат и да бидат уште подобри. Многу ми ѕначи што фотограф од светска класа Еугенио Рекуенко го препозна и го пофали нашиот проект и тоа што меѓу семинаристите има и се повеќе и повеќе фотографи како Фрањо Матковиќ – еден од најдобрите модни фотографи во Хрватска – који после семинарот се етаблираат и успеваат да живеат од својата креативност. Овака голем проект не можев да остварам  без поддршка од водечките хрватски компании кои ја препознаа „Фотософиа„  и  овозможија да фотографиите направени за време на семинарот “оживеат” во нивните кампањи “заклучи Хoјka.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top