четврток, 19 јули 2018 | Вести денес: 44 ново

ДУИ бара да се казнат виновниците за смртта на Саздовски

Демократската Унија за Интеграција изразува длабоко сочувство до родителите, фамилијата и блиските на починатиот Никола Саздовски. Загубата на млад и невин живот, особено на насилен начин, каков што беше овој немил настан, претстава чин кој секогаш и од секого заслужува целосна осуда, стои во партиското соопштение.
-Насилството претставува чин за кој нема и не треба да има никакво оправдување и во тој контекст изразуваме целосна поддршка на органите за безбедност и спроведување на законот, за целосно расчистување на случајот, и без никаква задршка, изведување на виновниците пред лицето на правдата. Според информациите кои се достапни на целата јавност, учесниците во овој немил настан се навремено идентификувани, и определени се понатамошни мерки во постапката, со што, правно, очекуваме брзо, правично и ефикасно спроведување на правдата. Со оглед на насилната природа на овој настан, и пораката за омраза која е испратена со овој чин, но и со целосно разбирање на револтот на роднините и пријателите на младиот Никола Саздовски, како и јавниот израз на загриженост на граѓаните, сакаме да упатиме апел кој ќе води кон смирување на овој револт, апел за воздржување од провокации, особено апел за воздржување од пораките на омраза и нетрпеливост, кои претставуваат основа за ваквите насилни и немили настани – велат од ДУИ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top