сабота, 17 ноември 2018 | Вести денес: 41 ново

Комити го одложија протестниот марш за Саздо

Навивачка група Комити за денеска најави протестен марш за Саздо, но го откажаа на неколку дена и повикаа на поголем и помасовен собир.

На својата Фејсбук страна тие напишаа:

„Во консултација со членството, се одлучи протестниот марш да се одложи на некој ден, бидејќи, познавајќи го менталитетот на нашиот народ, Саздо не заслужува 1000 луѓе собрани на марш во негова чест. Собирот мора да биде масовен и очекуваме присуство од сите добронамерни Македонци. Немојте да ја злоупотребувате загубата на фамилијата во исто време и наша загуба и да ја користите во било каква политичка игра. Ќе бидете казнети од народот за тоа.
Дополнително ќе ве известиме за локацијата, времето и агендата на маршот“ стои во нивната објава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top