четврток, 19 јули 2018 | Вести денес: 41 ново

Ако одите на одмор во странство: ФЗОМ со важно известување до сите граѓани

Ако се одлучите да летувате во Германија, Австрија, Турција, Хрватска, Словенија, Србија, Црна Гора, Бугарија, Босна и Херцеговина, Чешка, Холандија, Луксембург, Белгија, Франција, Италија, Словачка и Албанија добро е да ја знаете оваа информација.

За да добиете здравстевно лекување во овие земји единствен услов е да имате двојазичен образец за здравствено осигурување издаден од подрачните на ФЗОМ. Доколку го имате овој документ за непоходни здравствени услуги ќе бидете третирани како и осигурениците на земјаата во која престојувате.

Се што треба да направат нашите осигуреници е пред патувањето во странство да се јават во подрачните служби каде ја поднесуваат пријавата за задолжително здравствено осигурување и пополнуваат барање за двојазичен образец кој важи и за студиски престој, привремено стручно усовршување или школување.

За да го добијат образецот, граѓаните мора да достават потврда од матичен лекар дека се здрави, а за жените и од гинеколог. Потоа треба да добијат мислење од лекарската комисија во Фондот, процедура која според надлежните може да биде завршена во еден ден.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top