среда, 19 септември 2018 | Вести денес: 1 ново

СП 2018: Илјадници навивачи излегоа на „Шанзелизе“да ја прослават победата на Франција (видео)

Франција е првиот финалист на Мундијалот во Русија, а победата во полуфиналето над Белгија беше причина илјадници навивачи на „триколорите“ да излезат и да прослават на најпозната улица во Париз.
На „Шанзелизе“ се пееше, имаше огномети, се славеше до доцната во ноќта.

Франција се пласираше во финалето на Светското првенство за прв пат од 2006 година.

Противник во дуелот за трофејот в недела ќе им биде поуспешниот од вечерашното полуфинале меѓу Хрватска и Англија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top