среда, 14 ноември 2018 | Вести денес: 85 ново

Доналд Трамп на Самитот на НАТО: Сите членки да ги зголемат воените буџети, барем двојно!

На својата прва прес конференција, одржана ова утро во Брисел, Доналд Трамп стави акцент на трошоците на секоја земја членка одделно. Тој рече дека САД одвојува речиси 4% од сопствениот БДП (Бруто Домашен Производ) на одбрана, што е блиску до максимумот кој го дозволува алијансата, додека некои партнери во Европа одвојуваат помалку од 0,5%.

Трамп посебен акцент стави врз Германија, која троши само 1% од својот БДП за потребите на одбраната, бројка која според Трамп би требала барем да се удвои. Споед него, Германија е значаен партнер на САД во Европа, која со поголемо трошење на одбраната би станала и поголем фактор во НАТО. „Германија е исто така и земја чии примери редовно ги следат околните земји, па и пошироко“ изјави Трамп, верувајки дека згоемените трошоци на одбрана во Германија, ќе предизвикаат сличен тренд и во остатокот до Европа.

Земјите членки на НАТО годишно трошат околу 950 милијарди долари, од нив 710 милијарди троши само САД, додека сите останати 28 членки заедно трошат 240 милијарди долари. САД одвојува 3,8% од националниот доход за одбрана, и по неа следат Британија и Грција со 3,5% воен буџет во однос на националниот доход, и Естонија која одвојува 3,2% од националниот доход за одбрана. Ова се единствените земји во НАТО алијанската чии трошоци за одбрана се поголеми од 3% мерено според националниот доход.

Земјите како Шпанија, Словенија, Луксембург и Белгија, годишно на одбрана трошат меѓу 0,1 и 0,9% од нивниот национален доход, додека најголемиот дел од земјите во ЕУ трошат меѓу 1,2% и 1,5% од националниот доход за одбрана. Овие земји се најмногу на „удар“ на Доналд Трамп, и за нив најдиректно се однеува препораката „барем двојно“ зголемување на буџетите за одбрана. Македонија годишно троши околу 120 милиони евра за потребите на одбраната, или околу 1,2 % од нашиот БДП. Доколку спроведеме потрошувачка на одбраната каква што бара Доналд Трамп, би требале годишно да трошиме меѓу 250 и 400 милиони евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top