сабота, 22 септември 2018 | Вести денес: 66 ново

Премиерот на Белгија не го пречека Трамп во Брисел, гледаше фудбал

Белгиското политичко раководство вечерва го следеше натпреварот Белгија-Франција на Светскиот фудбалски шампионат и ниту еден од високите функционери на оваа земја не отиде на аеродром да го пречека Доналд Трамп, американскиот претседател.

Трамп и Меланија вечерва околу 21 часот пристигнаа во Брисел а таму ги пречекаа американските амбасадори во ЕУ, НАТО и Белгија.

Премиерот Шарл Мишел замина во еден град во белгиската провинција да го следи полуфиналниот меч на СП,  а кралот Филип отиде во Русија во Санк Петерсбург да биде во публиката. И министерот за надворешни работи е во Русија за да ја претставува белгиската федерална Влада во оваа земја.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top