четврток, 19 јули 2018 | Вести денес: 36 ново

Еве Лонгорија се врати на работа три недели по породувањето

Ева Лонгорија очигледно ќе биде една од работните мајки кои нема да останат долго дома.

Само три недели по раѓањето, 43-годишната актерка се врати на работа. Таа објави фотографија од фото-сесијата, за која беше ангажирана, и призна дека тоа било весело жонглирање помеѓу работата и потребите на бебето.

„Прва фото-сесија по раѓањето на бебето. Јас нема да ве лажам – овојпат беше многу тешко. Да се обидувам да дојам и да работам, во согласност со режимот на Сантијаго … не е лесно“, напишала Лонгорија на сликата.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top