недела, 22 јули 2018 | Вести денес: 17 ново

Холестеролот и не е така штетен – може да ве заштити од рак

Американските експерти дојдоа до откритие кое ги побива негативните ставови за холестеролот и неговото штетно влијание врз организмот.

Холестеротлот обично се поврзува со низа опасности за човековото тело. Не еднаш било утврдено дека холестеролот е поврзан со закана од затнување на вените и артериите и зголемен ризик од кардиоваскуларни нарушувања вклучително и инфаркт и удар.

Новото истражување за смирува ситуацијата – откажувањето од внес на масна храна подразбира ризик од уште пострашни болести.

Експертите од Универзитетот во Босон во своето најново истражување дошле до заклулчок дека постои тесна врска меѓу нивото на холестерол во крвта и ризикот од појава на отоци при малигни заболувања. Биле испитувани повеќе од 600 пациенти, 400 од нив биле здрави, додека повеќе од 200 имале онколошко заболување. Како резултат на испитувањето кај оние со малигни дијагнози, односно кај повеќето од нив, во годините пред да им биде откриена болеста било забележано ниско ниво на холестерол во крвта.

Сепак експертите предупредуваат дека во ниту еден случај не смее да се тврди дека високиот процент на холестерол во организмот е знак за здравје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top