четврток, 19 јули 2018 | Вести денес: 26 ново

Интелектуална касапница за мали мозочиња

Проф. д-р Иванка Д. Василевска

„Нема правда, нема мир“
(Р.И.П. Скопје, 2014 – Нивици, 2018)

Тиранска платформа, Устав, има – нема пропагандна технологија, „борци за човекови права“, насилство, режиран вординг, купи – продај аналогија, пари во плик – стратегија, тренирани орангутани во обландата на виножитото, многу секс, дрога, но, рокенролот одамна покоен, заменет со турбо фолк дизелашка пародија… ДИК, ало, ало коалиција, гаранции за државноста, големата лага на марионетскиот терорист од Муртино, холивудското сценарио од 27 април, смртта на Уставот удавен од рацете на 58мината терористи на уставниот поредок на клинички мртвата ни татковина и декор од полициско-политички уфрлени орди, жртвување на илинденските првенци од четвртата генерација на херои за слободна Македонија (Б.Б.И.В.Е.)… крвавиот пир на Балканскиот сојуз, канибалистички наци гантограм за етнноцид врз македонскиот народ, интелектуална „елитичка“ со килотите до колена, со купи ден – продај идеологија и многу, многу, многу неконзистентна аналогија… Дијагноза: хистерична зомбирана патологија. Пациент: Република Македонија на карил, без мозочна реакција. Последица: географска провинција под управа на Бугарија и Албанија и кревање на најголемиот мигрантски камп на блискоисточниот отпад во историјата на човештвото!

Во состојба на шок, со многу длабок рез помеѓу возможното и исправното, граѓаните на Република Македонија станаа мелено месо во рацете на домашните квинслишки орди. Со намера да преживеат, овие мртво-умртвени души, вистински троцкистички клонови, го водат бајракот на смртта на македонскиот народ. Без срам и без образ, манипулираат со сетилата на здравиот разум, потајно заканувајќи му се на се што е очигледно, логично и исправно. Со тетовирани чела со бројките на банкарските им сметки, сонуваат за материјалната корист, тивко тешејќи се дека сега е битно нивните проколнати потомци да се згрижат и дека сепак ќе помине и овој горчлив назален здив кој ги притиска во градите и некогаш кога повторно ќе се покаже прилика нивното кукавичко семе ќе се приклучи и ќе ги превземе работите во свои раце. Некогаш, во некоја сајбер иднина, каде нацијата ќе ја предводат македонските андроиди, произведени од некој генијален македонски Тесла, кој далеку во туѓина ќе создаде прототип на последниот Македонец и ќе ја започне новата ера на македонската преродба во светот по големиот праскот!

Полупроизводи кои одамна не сонуваат, не учат и не опоменуваат дека нашата битка е беспредметна и дека истата е однапред изгубена, копајќи ја јамата во која се подготвени да не напикаат сеуште живи, доколку не им се приклониме. Потопот на нивните контролирани мозоци го прелеваат на сеопштата амнезија на македонското државотворно достоинство, притоа заборавајќи на исконското правило дека секогаш ама секогаш доброто го совладува злото, а правдата иако забавува, на крајот секогаш победува. Затоа без страв ви порачуваме, не ви се плашиме, зошто нашиот мир и нашата верба ќе ја донесат правдата која толку агилно ја баравте!

(Продолжува)

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top