понеделник, 24 септември 2018 | Вести денес: 0 ново

Еди Рама: „Бела патика“ на сѐ иде!

Еди Рама, премиерот на Албанија е еден од учесниците на Самитот на државите од Западен Балкан кој се одржува во Лондон. На состанокот во Лондон тој се појави во темен костум и бели патики.

Рама во градот на светската мода се појави во темно син костум, бела кошула и вратоврска и нежно бели патики.

На средбата учествуваат премиерите на Македонија, Србија, Црна Гора, Австрија, Франција, Германија.

Ова не е првпат Рама така да се појави на официјална средба. На неодамнешната средба со црногорскиот колега Душко Марковиќ, поранешниот кошаркар Рама, се појавил со црно-бели патики во „комбинација“ со темно син костум. Претходно, на средбата со Могерени, исто така се појави во „кежуал“ комбинација, со сино палто, црни панталони и црни патики.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top