понеделник, 23 јули 2018 | Вести денес: 94 ново

Црни прогнози: Сите ќе страдаат, ќе биде потешко од 1930 година!

Ако САД ја напуштат Светската трговска организација (СТО), светот може да  енајде во голема економска криза, како онаа од триесетите години на минатиот век. Вака смета Пушан Дат, професор по економија и политички науки на Високата школа во Сингапур.

Американските медиуми пренесуваат дека САД ја разгледуваат можноста да се откажат од почитување на правилата на СТО и тоа по пат на усвојување на постоечките закони.

Доналд Трамп со овој закон, ако буде усвоен, ќе добие можност да влијае на зголемување или намалување на царините, без одобрување на Конгресот.

Дат смета дека на овој начин сите држави ќе бидат оштетени.

– Правилата на СТО досега се сметаа за неприкосновени, што ја држеше ситуацијата под контрола. Ако овие правила не важат, тогаш која било прогноза и кое било очекување во светската трговија ќе бидат потполно бесмислени – вели Дат.

Ако дојде до поголем трговски конфликт меѓу САД и Кина, поголема штета ќе има Кина, бидејќи таа многу повеќе зависи од извозот. САД во голема мерка се самодоволни, бидејќи не зависат ни од изворот ни од увозот.

– Трговската војна ќе се почувствува низ цените, а компаниите, посебно транснационалните корпорации кои работат на глобални ниво ќе се соочат со прекин на претходно воспоставените производствено-дистрибутивни ланци, ќе останат без важни алатки и поради тоа ќе имаат бројни проблеми – истакнува Дат.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top