петок, 16 ноември 2018 | Вести денес: 95 ново

Ослободени петмината Срби кои беа уапсени во Гњилане

Петмината косовски Срби кои беа уапсени во денешната акција на полицијата во Гњилане, попладнево се ослободени, откако се интервјуирани во полиција, јави дописникот на МИА од Приштина.
Веста за телевизијата КТВ ја потврди главниот обвинител на Основното обвинителство во Гњилане, Јетиш Маљоку.
Петмината Срби беа приведени како осомничени за „дејствија против Уставот и безбедноста на Косово“.
Ослободувањето уследи откако Белград се закани дека на неопределено ќе го прекине дијалогот со Приштина, доколку уапсените не бидат ослободени до вечер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top