недела, 22 јули 2018 | Вести денес: 15 ново

Клинички повторно затрупан во ѓубре, пациентите и болните повеќе изложени наместо заштитени (фото)

Во цела една година, да не може да се најде решение на едно вака важно прашање како хигиената и нејзиното одржување во рамките на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ е навистина неверојатно.

На јавноста не и е јасно чија е вината и неспособноста за ваквото однесување на одговорните? Болните и пациентите барааат спас, токму на ова место каде граѓаните одат за терапии, лекови, гравитираат пациенти со критично здравје, бебиња, дечиња… Сите овие луѓе кои го посетуваат клиничкиот центар во Скопје, што на број се помеѓу 4 000 до 6 000 илјади пациенти дневно, се изложени на купишта отпад кој заедно со органските делови од фрлениот смет на овие високи температури забрзано се распаѓаат и се потенцијални жаришта на инфекции и зарази, јавува Здравство.мк.

Сето тоа заедно со медицинскиот отпад кој лежи во близина и не се чува и санира уредно, туку може да се види по контејнерите, заедно со целиот друг. Ваквите услови и ваквите ситуации кои настануваат од неодржување на хигиената преставува место каде тие 4 000 до 6 000 илјади луѓе се изложени на болести, на инфекции и којзнае какви не работи затоа што министерот е неспособен да воведе ред.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top