сабота, 22 септември 2018 | Вести денес: 66 ново

Огромниот прстен со кој Џастин ја запроси Хејли (Видео/ Фото)

Деновиве осамна информацијата дека Џастин Бибер (24) ја запросил својата девојка Хејли Болдвин (21) на одмор на Бахамите.

Потоа и таткото на Хејли го потврди тоа на социјалните мрежи.

Пејачот беше во врска со Хејли во 2015-та година и ги следеа многу љубовни драми, а пред само 1 месец се појавија заеднички фотки со кои го „објавија“ повторното смирување.

Но, која е всушност Хели Болдвин, девојката која го освои срцето на Џастин Бибер?

Хејли Болдвин е родена на 22-ри ноември, 1996-та година и моментално има 21 година, а поголем дел од животот поминала во Лос Анџелес.

Нејзиниот татко е актерот Стивен Болдвин и да, сите Болдвин браќа ѝ се чичковци – таа е во роднинска врска со Алек, Даниел и Вилијам Болдвин.

По осмо одделение Хејли , почнала да се школува дома за да има поприватен живот. Била балерина пред да стане модел.
Со професионално манекенство почнала да се занимава во 2014-та.
Во 2017-та станала заштитно лице на Guess и учествувала во многу кампањи за Ralph Lauren и Tommy Hillfiger.

Порасната е во црква, религиозна е и верувањата ѝ влијаат на моралот, заради што има изјавено дека никогаш не би се сликала гола.

Хејли и Џастин се запознале уште во 2009-та година, па во 2015-та и 2016-та беа во кратка врска, потоа Џастин се смири со Селена Гомез, а откако раскинаа, се врати со Хејли 1 месец пред да ја запроси на Бахамите.

црнобело.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top