понеделник, 23 јули 2018 | Вести денес: 94 ново

Ердоган го укина министерството за европски прашања

Во новиот кабинет на турскиот претседател, Реџеп Тајип Ердоган, ќе има 16 наместо  досегашните 23 министри.

Тој го укина министерството за европски прашања, а задржа само четворица министри од стариот тим. Меѓу нив, Мевљут Чавушоглу останува министер за надворешни работи, Сулејман Сојлу повторно е министер за внатрешни работи, а непроменет е и министерот за правда Абдулхамит Ѓул.

Тоа е еден од најважните елементи на новиот систем на државно управување во Турција во кој Ердоган има овластување да ги назначува и разрешува министрите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top