среда, 14 ноември 2018 | Вести денес: 85 ново

„Македокс“ објави јавен повик за учество на работилницата „Мокар колодиумски процес“

Фестивалот за креативен документарен филм „Македокс“ објави јавен повик за учество на фотографска работилница за мокар колодиумски процес, постапка позната како „мокра плоча“

Работилницата ќе трае 4 дена, од 18-21 август и ќе се одржува во шармантниот простор на Куршумли ан. Предавачи на работилницата се Сашо Н. Алушевски, фотограф, и Предраг Ужелац, самостоен фотографски соработник и асистент на Академијата за уметности во Нови Сад, Србија.

На учесниците на работилницата ќе им бидат обезбедени сместување, еден оброк дневно и сите потребни материјали за работа за време на работилницата. Поседувањето на сопствена камера не е задолжително. Потребни се желба за учење и учество во престојната изложба.

Поради специфичната природа на предвидениот процес во работилницата, бројот на учесници е ограничен на 9 (девет).
Пријавувањето трае до 5 август 2018 година на contact@makedox.mk

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top