петок, 16 ноември 2018 | Вести денес: 91 ново

Караванот „Мадам Фортуна“ со Gypsy jazz во „Јавна соба“

Караванот на Мадам Фортуна е интеркултурен музички проект кој во среда, 11. јули се стационира на терасата на Public Room каде со почеток во 21:00 часот ќе одржи концерт на отворено во придружба на македонски музичари кои заедно ќе ја претстават убавината на џипси џез музиката. Овој настан има улога да ја потенцира уметничка сила на ромската заедница и да ги претвори предрасудите во сфаќањa дека различноста може да значи додадена вредност насекаде. Влезот за концертот е секако слободен.

Соба енциклопедија: Gypsy Jazz е стил од џез музиката која генерално е прифатена дека е започната од џипси гитаристот Jean “Django” Reinhardt во Париз и околината во периодот на триесеттие години на претходниот век. Самиот жанр се развива со текот на времето, така современите музичари од џипси џез вклучуваат напредни техники на продукција, ефекти и многу варијации на инструменти. Вклучувањето на хармониката во модерниот џипси џез отсликува поразвиен музички стил, со подлабока хармонија во однос на формата на песната, а станува помалку традиционална.

Martin Balogh (СЛОВАЧКА)-Хармоника

Неврус Бајрам (МАКЕДОНИЈА) – Гитара и Бас гитара

Chadi Abou El Ghar (БЕЛГИЈА / ЕГИПЕТ)- Баритон саксофон

Синан Демировски (МАКЕДОНИЈА) – Кларинет

Myrna Mens (БЕЛГИЈА) – Виолина

Jeanneke Van Roeyen (БЕЛГИЈА) – Виолина

Anouk Sanczuk (БЕЛГИЈА) – Виолина

Niels Arnoult (БЕЛГИЈА) – Хармоника

Manal Manoola (БЕЛГИЈА) – Соло вокал

Robert Mihalik (СЛОВЕНИЈА) – Соло гитара

Драган Теодосиев (МАКЕДОНИЈА) – Перкусионист

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top