недела, 23 септември 2018 | Вести денес: 7 ново

Заврши осмото издание на популарниот „Д-фестивал“ во Дојран

Повеќе од 30 артисти и бендови настапија на четири стејџа на овогодинешниот “Д- фестивал” кој се одржа осма година по ред, а овој пат предизвика голема заинтересираност кај публиката од целиот Балкан.

Главната програма се случуваше на паркингот Гранит, непосредно пред влезот на Стар Дојран, а на втората фестивалска сцена сместена во кампот имаше посебна програма. Во кампот имаше и голем видео бим преку кој љубителите на фудбалот можеа да ги следат натпреварите на Светското првенство, како и уште многу голем број на интересни содржини и катчиња за релаксација и дружење на посетителите.

Настапите на Пол Ван Дајк, Ману Чао, Смат, Дисцајплс, “Архангел”, Кирил Џајковски, Фолтин, Љубојна и многу други, беа причината за посетеноста годинава да биде неколку пати поголема од минатите изданија. Капацитетите за сместување, како што информираа организаторите, беа целосно пополнети, а интересот беше огромен не само кај домашните, туку и кај странските гости.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top