среда, 14 ноември 2018 | Вести денес: 85 ново

Џастин Бибер ќе се жени со внуката на Алек Болдвин

Поп ѕвездата Џастин Бибер (24) се свршил со моделот Хејли Болдвин, објавија американските медиуми.

Пејачот ѝ предложил брак на Болдвин во еден ресторан на Бахами. Радосната вест на социјалните мрежи ја прославиле и родителите на Бибер.

Бибер и 21-годишната Болдвин првпат почнаа да излегуваат пред две години и повторно се споија, откако тој раскина со долгогодишната девојка Селена Гомез.

Хејли е ќерка на актерот Стивен Болдвин и внука на далеку попознатиот Алек Болдвин.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top