вторник, 17 јули 2018 | Вести денес: 0 ново

Целосен пресврт: Познатиот кошаркар не го убила полицијата, туку тој се самоубил!

Изминатиот викенд спортската јавност ја потресе веста за смртта на кошаркарот на Химки, Тејлор Ханикат. Првите информации беа дека Американецот е убиен во пресметка со огнено оружје во Лос Анџелес од страна на полицијата, но се чини дека станува збор за самоубиство.

Американските медиуми тврдат дека безживотното тело на Ханикат било пронајдено во неговата куќа.

– Добивме информација за чудно однесување на личност која што била затворена во сопствениот стан. Специјалците влегле во станот и пронашле безживотно тело, а подоцна е утврдено дека се работи за Ханикат. Набрзо потоа била прогласена смрт, која настапила од самоповредување од огнено оружје – изјавија од полицијата во Лос Анџелес.

Ханикат ја започнал професионалната кариера во Сакраменто Кингс, а најдобрите партии ги имаше на европскиот континент, каде ги носеше дресовите на турскиот Ефес, израелскиот Ирони, како и рускиот Химки.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top