четврток, 22 ноември 2018 | Вести денес: 33 ново

ВМРО-ДПМНЕ: Kриминалот царува по улиците, a Спасовски се прави слеп

ВМРО-ДПМНЕ реагира по денешнните изјави на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, критикувајќи го дека лаже и се служи со манипулации.

– Спасовски без контакт со реалноста се обидува да ги убеди граѓаните дека во Македонија тече мед и млеко. Вистината народот ја чуствува на својот грб и по својот џеб. Секој ден растат трошоците за живот, расте цената на горивата, платите и пензиите стагнираат, па дури и реално нивната вредност опаѓа. Сите тоа го гледаат освен Оливер кој се прави при очи слеп. Тоа му е извежбана способност, бидејќи цело време се прави слеп пред криминалот кој царува по улиците, за несанкционираните убиства, рекети и матни бизниси на криминалниот картел на власт“, гласи ставот на ВМРО-ДПМНЕ, во реакцијата.

Понатаму, најголемата опизициска партија тврди дека Македонија тоне во сиромаштија и криминал, а секој револт на граѓаните, власта на СДСМ го угушува со солзавец, шок бомби, гумени куршуми и монтирани судски случаи.

Претходно, Спасовски, кој беше на средби со граѓаните во Брвеница изјави дека  нема да се отстапи од принципот на правната држава и расчистување со криминалот.

-Оние што заговараат амнестија можам да им порачам дека амнестија нема да има. Секој што се огрешил ќе одговора согласно законите во една транспратентна постапка – рече Спасовски.

Потпретседателот Спасовски упати повик до Иванов да не ја кочи маекедонската иднина и да го потпише Указот за Законот за ратификација на Договорот.

-Иванов да не ја кочи македонската иднина, да не работи спротивно од волјата на граѓаните и да го потпише Указот за Законот за ратификација на Договорот затоа што тоа е уставна обврска, рече потпретседателот Спасовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top