понеделник, 24 септември 2018 | Вести денес: 0 ново

Поплави во Србија – прогласена вонредна состојба (видео)

Во делови на Србија е прогласена вонредна состојба поради поплави. Според Штабот за вонредни состојби поплавени се куќи во неколку приградски населби на Чачак , каде надошле води по силните врнежи од дожд.

Во населбата Лозница се излила Лозничка река и предизвикала поплавување на куќите , додека целиот град е под вода со непроодни сообраќајници.

Метеоролошката служба издаде црвен аларм поради најавите за уште посилни врнежи од дожд низ цела Србија.

Поројниот дожд во Младеновац, Љиг и Аранѓеловац ги поплави улиците и неколку објекти. РТС јави дека во Љиг и Аранѓеловац е прогласена вонредна состојба.

Во невремето најмногу е погоден центарот на Аранѓеловац каде што се излеала реката Кубршница од што се поплавиле станбени и деловни објекти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top