четврток, 19 јули 2018 | Вести денес: 44 ново

Од денеска може да купува пиво во кое било време од денот

По потребните осум дена изминати од објавувањето во Службен весник денеска стапуваат во сила измените на Законот за трговија, односно се укинува забраната за продажба на алкохол по 19 часот (во есен и зима) и по 21 часот (во пролет и лето), така што граѓаните можат слободно да купуваат пиво, вино и жестоки пијалоци во.малопродажните места и маркети се до затворањето.

Овој месец се навршуваат точно десет години од усвојувањето на измените во Законот за трговија со кои се воведе забраната на продажбата на алкохолни пијалаци.

Точно пред една година беше поведена првата иницијатива за измени во Законот за трговија по што започнаа владините и собраниските процедури.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top