вторник, 17 јули 2018 | Вести денес: 0 ново

Владо Јаневски открива кога ќе се жени

Владо Јаневски го прекина медиумскиот молк, на денешната промоција на спотот за песната “Главен град на тагата“. „Можеби изминатиов период бевте лути на мене, си велевте: Што му е на овој намќор, но јас навистина немав што да кажам. Сега кога славам 25 години кариера, „Авалон“ продукција исто така слави 25 години, се подготвувам за два концерта, имам муабет со вас“, рече Владо на промоцијата. На Илинден, тој ќе одржи концерт во Охрид, во Античкиот театар, а на втори или на трети ноември ќе пее во Арената „Борис Трјаковски“.

Расположен за разговор, тој самиот им се понуди на медиумите за изјави. Кантавторот на повеќе евергрини прозборе и за својот приватен живот.

-Ретко излегувам, повеќе сакам да седам дома. Ако порано ме гледавте по сите кафулиња и локали, сега веќе не е така. Се повлеков, убаво ми е и љубовниот живот сосема го запоставив. Немам девојка, не се вљубив, не се оженив и нема да се женам до крајот на животот. Јас не сум како Џорџ Клуни. Тој рече дека никогаш веќе нема да се жени, но не го одржа ветувањето. Јас ќе го одржам моето, изјави Владо за Женски магазин.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top