сабота, 22 септември 2018 | Вести денес: 66 ново

Се очекува поскапување: Во понеделник нови цени на горивата

Во понеделник најверојатно не чека ново зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати. Движењето на цената на суровата нафта на светските берзи гарантира дека Регулаторната комисија за енергетика ќе пресмета дека цените треба да одат нагоре.

Во текот на изминатиот двонеделен период цената на суровата нафта стигна на работ на границата од 80 долари за барел за во моментов да се спушти на нивото од 77,5.

За очекување е Регулаторната комисија за енергетика да ја зголеми цената за нешто над 2 денари по литар. Тоа ќе биде прво поскапување по две врзани намалувања на цената.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top