понеделник, 24 септември 2018 | Вести денес: 0 ново

Се затегнуваат готовинските плаќaња: Од утре плаќање во кеш само до 2 000 евра

Од утре важи забраната за плаќање со кеш на стоки и услуги во износ поголем од 2.000 евра. Оваа одредба предвидена во новиот Закон за спречување на перење пари кој влегува во сила в сабота треба да го намали работењето со пари во готово, што е детектирано како еден од вентилите за сива економија.

Со стариот закон, лимит за готовински плаќања беше 15.000 евра.

Новиот закон предвидува уште поголемо затегнување на готовинските плаќања. Интенцијата, како што објаснуваат даночните експерти, е без картичка да можеш да купиш само нешто ситно. Законот предвидува од први јануари догодина, ограничувањето од 2.000 евра да се спушти на 1.000 евра.

(извор – Независен.мк)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top