понеделник, 23 јули 2018 | Вести денес: 94 ново

Вртоглави суми: Граѓаните ги цедат картичките на шопинг во странство

Над 217 милиони евра потрошиле Македонци со наши картички во странство во цела мината година. Податоците на Народната банка покажуваат дека најголем дел од овие пари се поминати на пос терминали односно во продавници, но не е мал прометот и што всушност е направен преку он лајн нарачки однносно на виртуелни места за продажба. Така од сета сума, преку пос терминали или во продавници граѓаните потрошиле 119 милиони евра. За интернет нарачки од картичките лизнале 73,2 милиони евра, а останатите 24,8 милиони евра се за пари кои биле повлечени како готовина од банкомат.

Ако се подели целата сума со бројот на граѓаните во земјава излегува дека секој од нас па и бебињата во текот на годината потрошил по барем сто евра во странство во просек.

Според податоците, ако се анализира по месеци, најголем промет имало во август. Разбирливо, кога повеќето од граѓаните се на одмор, па со картичките плаќаат за аранжманите таму или пазаруваат во странски продавници. Во тој летен месец со картички издадени во Македонија, Македонци потрошиле дури 20 милиони евра. Се разбира не трошат само физички лица, туку и фирмите со службените картички.

Трендот по години е нагорен или ако се спореди со 2016 година, сумата која граѓаните ја потрошиле преку картички надвор пораснала за околу 40 милиони евра. Предминатата година со наши картички граѓаните потрошиле 178 милиони евра на шопингување во странство.

извор: Фактор

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top