понеделник, 23 јули 2018 | Вести денес: 94 ново

Уништени 60.809 килограми небезбедна храна

Врз основа на законските надлежности и воспоставениот интегриран систем на контрола, Агенцијата за храна и ветеринарство врши постојан надзор над операторите со храна во поглед на исполнување на општите и посебните услови за безбедност на храната и за заштита на правата на потрошувачите.

Од почетокот на годинава до крајот на јуни уништени се вкупно 60.809 килограми небезбедна храна од животинско потекло (месо, производи од месо и од млеко, риби мед и јајца). Од овие количини, инспекциските служби на Агенцијата, во рамки на планираните официјални контроли и вонредните инспекциски надзори поништиле 17.141 килограми небезбедна храна.

Поголем дел, или 43.668 килограми небезбедна храна уништиле самите оператори врз основа на воспоставените внатрешни контролни системи за безбедност на храната – (HACCP). 59.298 килограми од уништената небезбедна храна од вкупно уништените количини се од домашно производство, а остатокот од увоз.

Како одговорна институција за безбедноста на храната ги охрабруваме граѓаните недоследностите во поглед на безбедноста на храната да ја пријават во Агенцијата на бесплатната телефонска линија за потрошувачите 0800 3 22 22, лично, или електронски на info@fva.gov.mk.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top