среда, 19 септември 2018 | Вести денес: 35 ново

Предности на утринскиот секс – Зошто треба да го практикувате?

Сексот ја забрзува циркулацијата, го намалува крвниот притисок, ја ублажува главоболката, ја подобрува самодовербата, го подобрува сонот, го јакне имунитетот и ги согорува калориите. Се прашувате зошто би требало да практикувате секс токму во утринските часови? Ние го имаме одговорот!

Подобрување на односот
Сексот дефинитивно ги зближува луѓето. Со оглед на тоа што сексот го подобрува расположението, замислете само колку би било убаво да го почнете денот со позитивни вибрации? Освен тоа, ќе имате среќни спомени од утрото на кои ќе можете да мислите во текот на денот.

Намалена анксиозност
Ендорфините и другите хормони на среќата, како што се окситоцин и допамин, ја поттикнуваат циркулацијата, ги смируваат мислите и го намалуваат лачењето на кортизол. Кортизолот е „лош“ хормон што се лачи во стресни ситуации и е чест причинител на многу болести.

Поинтензивни оргазми
По повеќечасовен одмор, клиторисот е почувствителен и одлично реагира на стимулација. Кога велиме „одлично реагира“, мислиме на можноста за постигнување поинтензивни, но и побројни оргазми.

Подобра концентрација

Оргазмот го намалува нивото на кортизол, го смирува умот и ја подобрува концентрацијата. Сексот може да го има истото влијание како и утринската медитација, само што со сексот ќе потрошите повеќе калории.

Забрзан метаболизам
Во текот на ноќта, метаболизмот се забавува и наутро останува таков уште некое време. Најдобриот начин на покренување на метаболизмот е умереното утринско вежбање… или утринскиот секс!

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top